PepsiCo ги повлекува бромираните растителни масла од Gatorade |
||||||||||||||
![]() |
Една тинејџерка од Мисисипи прогласи победата по одлуката на PepsiCo да ги повлече бромираните растителни масла од својата серија на спортски пијалаци Gatorade.
Бромираните растителни масла (БРМ) се користат за да се задржи вкусот на цитрус суспендиран во безалкохолните пијалаци како што се Mountain Dew и некои видови на Gatorade. БРМ се забранети во некои земји и Европската унија, но дозволени се за употреба во САД и во Латинска Америка. Минатата година, 15-годишната Сара Кавана вели дека пребарувајќи на Google за „бромирани растителни масла“ забележала дека оваа супстанца се наоѓа на листата на состојки на Gatorade со вкус на портокал. Таа нашла и една статија во која се вели дека БРМ биле патентирани за употреба како супстанца за спречување на ширењето на огнот и се користела во апарати за гаснење на пожар. Сара започнала онлајн петиција на change.org, која била потпишана од повеќе од 206.000 луѓе, барајќи Gatorade да престанете да користи БРМ. Во соопштение издадено како реалција на петицијата PepsiCo вели: „Ние ја правиме оваа промена, затоа што знаеме дека некои потрошувачи имаат негативно мислење за БРМ во Gatorade.“ Во текот на следните неколку месеци компанијата ќе го замени БРМ со сахароза ацетат изобутират – супстнца која е дозволена за употреба во целиот свет. PepsiCo не планира да направи промени во Mountain Dew, велејќи: „Ние Ве уверуваме дека Mountain Dew е безбеден пијалок.“ Kantha Shelke научник кој се занимава со храна и портпаролката на Институтот за технологија на храна, забележува дека БРМ не била секогаш дозволена за употреба во САД. Пред околу 50 години, Food and Drug Administration ја отстрани од пазарот, но во 1977 година, беше одобрен употреба на оваа супстанца во концентрации до 15 ppm. Сепак, Shelke укажува дека во тоа време луѓето консумираа газирани пијалаци само повремено. „Денес, потрошувачката на некои од овие пијалаци, особено од страна на одредени демографски групи, меѓу нив и младите мажи, е доста висока“, вели таа. |
|
[Главна стана]
[Стари статии]
[Периоден систем]
[Линкови]
[Нобеловци]
[Форум]
[Хумор]
[E-mail]
© Hemija.net, Скопје, Македонија. Контакт: kontakt@hemija.net