|
|
Статии објавени во текот на 2005 година- Нано изненадување - Изненадувачкиот механизам според кој наночестичките се формираат во полимерите би можел да им обезбеди на истражувачите нова алатка за контрола на растењето на овие материјали. (4739 посети).
- Класификација на јагоди со гасна хроматографија - Група француски научници користејќи ги резултатите добиени со цврстофазна микроекстракција и со гасна хроматографија се обиделе да развијат метода за класификација на седумнаесет различни типови јагоди. (4976 посети).
- Побезбедни поливинил хлоридни материјали - Ултравиолето-вото зрачење може да го редуцира истекувањето на фталати од уредите кои се користат во медицината, а се направени од поливинил хлорид, велат резултатите од истражувањата направени од група јапонски научници. Со оглед на токсичноста на фталатите методата која ја предлага оваа група научници изгледа како прифатлива алтернатива. (4839 посети).
- Науката во Америка стагнира?! - Во последниве две децении САД се соочуваат со постојано опаѓање на уделот во вкупниот број на објавени научни резултати. За разлика од нив уделите на публикациите од земјите на Европската Унија и Далечниот исток се зголемува, покажуваат последните студии презентирани од Science Watch. (4722 посети).
- Едномолекулски транзистори - Канадските и британските научници успеале да конструираат едномолекулски транзистор. Нивниот уред овозможува контрола на електричниот полнеж на сличен начин како и микроскопските силициумови транзистори, но овој пат на атомско ниво. Ова откритие би можело да претставува прв голем чекор кон создавањето на електронски уреди базирани на молекулска електроника. (4780 посети).
- На гигантските планети постои суперјонска вода
- Хемичарите успеале да создадат услови какви што постојат на гигантските планети на нашиот Сончев систем. Тие покажале дека при вакви услови водата во гигантските планети, како Нептун, може да се однесува доста чудно. (4712 посети).
- Крајот на очилата? - Неодамна во САД е развиена техника за формирање на гел во окото под физиолошки услови. Гелот би можел да претставува трајно решение за ослабувањето на видот кое може да ги погоди луѓето од средовечна возраст па натаму, како последица на остарувањето на материјалот од кој се сочинети очните леќи. (4912 посети).
- Да се познават природните науки значи да се сакаат - Анализата направена во 40 држави ширум светот ја докажува долго постоечкото тврдење: дека колку повеќе човек ги познава природните науки толку повеќе тој ги поддржува научните истражувања (4714 посети).
- Јаглерод субоксид - Јаглерод моноскидот и јаглерод диоксидот се најдобро познатите молекули кои се состојат само од јагледод и куслород, но овие два елемента формираат и други соединенија, како на пример јаглерод субоксидот (C3O2), кој е истовремено и најстабилната молекула од останатите оксиди на јаглеродот. (4934 посети).
|
|
|