Како резултат на публикувањето на претходните два текста за преоектот SETI@home во PLUGIN, www.macedonia.eu.org на www.ajvar.com и на www.oglasi.com.mk пласманот на Македонија на листата на држави се поправи за околу триесет места (во моментов на пишување на оваа статија се наоѓаме на 96-то место), а бројот на учесници во проектот се зголеми за повеќе од два пати.
Овoj текст претставува помош на сите SETI@home фанатици да го забрзаат што е можно повеќе својот SETI@home клиент, а исто така и можност за запознавање на уште повеќе луѓе од земјава со проектот SETI@home кои би можеле да станата нови потенцијални членови на Македноскиот SETI@home тим.
За оние кои до сега не биле запознати со овој светски проект за потрага по вонземски цивилизации топло им препорачуваме најпорво да ја прочитаат оваа статија.
SETI@home клиент програмаот е дизајниран, не за да ги користи до максимум ресурсите на вашиот компјутер, туку да ја користи процесорската снага која во текот на секојдневната работа на компјутерот останува неискористена од страна на останатите програми.
Програмот по default e конфигуриран за да работи што е можно понеприметно, но со неколку мали промени можете ефективно да ја зголемите неговата брзина и до три пати, а тоа се уште да не влијае на нормалната работа на вашиот компјутер.
графиците на екранот. Постојат неколку начини на кој тоа може да се направи. Ако користите графичка верзија на програмот (односно вашот оперативен систем е Win 85/98/ME) како screen saver, по default графиците се исцртуваат на екранот. Пресметките значително може да се забрзаат доколку исцртувањето се избегне. Тоа, инаку, може да го сторите на следниов начин: Во Control Panel, Display Property го избирате Screen Saver tab-от. Проверете дали SETI@home е избраниот screen saver и потоа кликнете на Settings копчето (Слика 1). Во dialog box-от кој ќе се отвори одберете 'Go to blank screen' (Слика 2). Потоа во 'Minutes until blank' запишете после колку минути сакате да престане прикажувањето на исцртувањето на графиците на екранот. Со внесување на нула екранот се заменува веднаш по вклучувањето на screen saver-от.
Screen saver-от може да работи и додека на компјутерот нормално ја работите вашата секојдневна работа. На таков начин се искористуваат слободните ресурси на компјутерот и неискористената процесорска снага. За да не почувствувате забавување во работата на вашиот компјутер потребно е да имате процесор на 300 MHz или повеќе со најмалку 64 Mb RAM. Кај послабите конфигурации од препорачанава се чувствува значително забавување во работата на компјутерот (дури и кај 300 MHz со 32 Mb RAM).
Секогаш кога програмот ќе ги заврши пресметките потребно е да се поврзе со Berkeley да ги испрати резултатите и да земе нови податоци за анализа. Програмот е способен самостојно да се поврзе на Интернет преку модем, да го изврши преносот на податоци и самиот да ја прекине модемската врска. Ова овозможува резултатите да бидат испратена веднаш по нивната обработка, не чекајќи вие да го забележите тоа (иконата на програмот, во system tray-от почнува да трепка кога е потребно да се поврзе, а не е во можност тоа независно да го прави). Ако ја одберете оваа опција, претходно проверите дали модемот е конфигуриран да се исклучи автоматски (Start - Settings - Control Pannel - Modem - Properties). Оваа oпција најзгодно е да се корисити кај компјутери кои се поврзани во локални мрежи. За домашна употреба не е препорачливо да се користи доколку претходно не сте провериле навистина врската автоматски се искулучува (совет: ако се решите на ова проверете неколку пати)
Променете го Windows-от со Linux. Тестовите покажуваат дека машините кои работат под Linux имаат перформанси за околу 25 % подобри од компјутерите заробени во Windows-ите на чичко Bill.
Отстранете ги процесите кои во Windows-от се одвиваат во позадина. Ги има повеќе, иконите за некои од нив се наоѓаат во system tray-от. Навистина ќе изгубите дел од функционалноста, но вашиот SETI@home ќе забрза за некој процент. Листата на овие процеси може да ја добиете со истовремено притискање на Ctrl-Alt-Del. Отстранувањето на некои од овие процеси може да биде без проблеми, но сепак внимавајте. Сменете ја резолуцијата и бројот на бои кои се прикажуваат на екранот. Обично најдобро решение е 800 х 600 со 256 бои, но овде зголемувањето на перформансите зависи и од графичката картичка која ја поседувате. Оставете ја машината на мира. Употребата на компјутерот влијае на времетраењето на пресметките. Некои велат дека за секој час користење на компјутерот, пресметките се продолжуваат за околу половина час. Употребувајте ја command line верзијата на клиент програмот (дизајнирана за NT), на таков начин ќе ги забрзате пресметките за 5 до 10 %. Употребувајте Win NT, наместо Win 9x. Win NT, е поефикасен во користењето на можностите на процесорот и значително е побрз од Win 9х. Конфигурирајте ја вашата машина да не преминува во sleep mode. Постојат и други можности за забрзување на SETI@home, но сега за сега за тоа ќе треба да пребарате на сами на Интернет.Moonman
Старите текстови може да ги најдете на:
Plugin бр. 6
http://www.macedonia.eu.org/knowledge/dokument.asp?ID=52http://www.ajvar.com/nauka/seti.asp
http://www.hemija.net/SETI/index.htm
Moonman