Farmahem - od 2001 sponzor na Hemija.net

Главна страница Линкови Периоден систем Книги и списанија Експерименти Нобеловци Форум Хумор Email
  Статии публикувани во 2008
  Статии публикувани во 2007
  Статии публикувани во 2006
  Статии публикувани во 2005
  Статии публикувани во 2004
  Статии публикувани во 2003
  Статии публикувани во 2002
  Статии публикувани во 2001
  Статии публикувани во 2000
  Врвни десет
  Внесете промена
  Cool страници
  Врвни десет
  Додадете нова страница
  Периодични списанија
  Книги од странски издавачи
  Книги од домашни издавачи

Alan G. MacDiarmid

Alan MacDiarmid е еден од пионерите на полето на синтеза и испитување на спроводливи полимери - материјали подобро познати како синтетички метали. Тој работел на хемиски и електрохемиски допинг на полиацетиленот (CH)x прототип на спроводлив полимер, како и при откривањето на полианилинот - денес еден од најупотребуваните спроводливи полимери.
Неговото интересирање за спроводливите полимери започнало во 1975 година, кога бил запознат со нова форма на полиацетилен од Dr. Hideki Shirakawa од Tokyo Institute of Technology. Постојаната и успешна соработка помеѓу MacDiarmid, Shirakawa и Alan Heeger (од одделот за физика на Универзитетот во Пенсилванија) довело до историско откритие на кондуктивноста кај органските полимери. Почетното откритие и постојаните студии во соработка со Shirakawa резултирало со првиот хемиски допинг на (CH)x и со детални физички студии со Heeger. Овој органски полимер може да се стимулира и да се доведе до метален режим на пренесување на електрицитет - нов и неочекуван феномен за хемичарите и физичарите.
Врачување на Нобеловата награда Овие материјали може да се употребуваат во производството на батерии за повеќекретна употреба, за електромагнетна површинска заштита, антистатичка дисперзија, за заштита од корозија, за флексибилни пластични транзистори и електроди, за производство на електролуминисцентни полимерни дисплеи и др.
Најновите истражувања на MacDiarmid се сконцентрирани околу технолошки најважните спроводливи полимери, како што е полианилинот и неговите олигомери со посебен интерес за изучување на изомерните форми кои може да придонесат многу за висока спроводливост и засилени механички својства кај полианилинот. Тој исто така ги изучува и олигомерите на анилинот како потенцијални сензори за запалливи органските соединенија.
MacDiarmid е роден во Нов Зеланд пред 71 година и по завршувањето на високото образование на Универзитетот во Нов Зеланд, Универзитетот во Висконсин и Универзитетот во Кембриџ тој се вработува на Универзитетот во Пенсилванија каде што сега моментално работи како професор по хемија.
Во изминативе 20 години тој се занимава само со спроводливи полимери (хемиски синтези, допинг, електрохемија, кондуктивност, магнетски и оптички својства на полиацетиленот и полианилинот). Тој е автор и ко-автор на 600 трудови и 20 патенти. Добитник е на многу награди на домашно и светско ниво. Покрај Нобеловата награда (добиена во 2000 година), добитник е на наградата на Американското хемиско друштво во 1999, за хемија на материјали.

Превод: Костова Светлана

 Нобеловци

Ahmed Zewail (1999)
Jens Christian Skou (1997)
Kary B. Mullis (1993)
Michael Smith (1993)
Vladimir Prelog (1976)
Harold Clayton Urey (1934)
Irving Langmuir (1932)
Johann Friedrich Wilhelm Adolf von Baeyer (1905)

 Link.Hemija.net

најнови линкови
Збирка материјали за наставата во 21-от век (2010-05-20)
Academic Earth (2010-05-02)
Institute of Chemical Methodologies (2010-02-21)
Universitе des Sciences et de la Technologie HOUARI BOUMEDIENE (2010-02-21)
Beer's Law (2009-08-03)
British Antarctic Survey (2009-07-12)

 Хумор

најнов
Смртта на биретата
Словенската и хемиската писменост
Станувајќи алкохол
Електрофилна адиција - молекулска драма
Истражувачки дефиниции
Дали е пеколот егзотермен или ендотермен?

[Главна стана] [Стари статии] [Периоден систем] [Линкови]
[Нобеловци] [Форум] [Хумор] [E-mail]

© Hemija.net, Скопје, Македонија. Контакт: kontakt@hemija.net