Exploring Macedonia  National Tourism Portal

Главна страница Линкови Периоден систем Книги и списанија Експерименти Нобеловци Форум Хумор Email
  Статии публикувани во 2008
  Статии публикувани во 2007
  Статии публикувани во 2006
  Статии публикувани во 2005
  Статии публикувани во 2004
  Статии публикувани во 2003
  Статии публикувани во 2002
  Статии публикувани во 2001
  Статии публикувани во 2000
  Врвни десет
  Внесете промена
  Cool страници
  Врвни десет
  Додадете нова страница
  Периодични списанија
  Книги од странски издавачи
  Книги од домашни издавачи

Kary B. Mullis

Од време на време во светот на науката се појавува идеја или средство толку генијално што предизвикува пресврт дури и во начинот на кој што луѓето ги поставуваат прашањата. Полимеразна верижна реакција (Polymerase chain reaction) подобро позната како PCR е една од овие технологии. Таа не само што направи мошне силен удар на здружението на научниците туку исто така влијае и на голем број на аспекти на нашето секојдневно живеење. Согласно со голем број на научници, тоа беше најголемиот напредок во молекуларната биологија во декадата.

Полимеразната верижната реакција (PCR) е техника со која се зголемува можноста за изучување на DNA, овозмужавајќи им при тоа на научниците да направа милиони дури и милијардни - копии на DNA молекулата за многу кратко време. PCR е користена со цел да ја открие DNA веригата, со цел да се дијагностицира некоја генетска болест, врз принципи на DNA која се разликува исто како при откривање на отпечатовите од прсти, за да се открие бактерија или вирус (особено HIV вирусот) но исто така и да се проучува човечката еволуција. Ова дури било искористено за да се клонира DNA од Египетска мумија, како и од инсектни исчезнати пред 20 милиони години. Ова достигнување ги инспирира авторите на филмот "Паркот Јура" во кој PCR е искористена за оживување на одамна исчезнатите влечуги 

Кој е генијалецот кој стои зад оваа револуционерна технологија? Тој е научник, но и сурфер од LA Jolla, California, неговото име е Kary Mullis (роден на 28 Декември, 1944). Mullis се почитува како "интеллецтуал маверицк" од многумина, кој добил Нобелова награда за хемија во 1993 година за развивањето на PCR. Потекнува од Јужна Каролина, статусот на дипломиран хемичар го добил на хемискиот факултет во Georgia Tech (Атланта - Џорџија), а називот Доктор по биохемија на U.C. Berkeley (Беркли) во 1972 г. Неговиот докторат го носел називот: "Schizokinen: Structure and Synthetic Work" за структурна и синтетичка работа, во која што докажува дека вселената е рамнотежа помеѓу материјата која се собира и материјата која се шири.

После дипломирањето тој работел како стручњак за Cetus Corporation од Emeryville во 1970 година, во тој период додека работел таму му се јавила идејата од која понатаму ја развивал во PCR. Идејата не била производ на долготрајна лабораториска работа, туку таа била создадена додека се возел во својата Honda Civic на автопатот 128 од Сан Франциско до Мендочино (Mendocino).

"Го направив најдоброто мислев додека возев" - објаснува научникот со поцрнето лице и побелена коса. За оваа идеја која се родила додека возел со 50 милји на час тој добил 10.000 $ од Letus, со која што наводно си го платил патувањето. Тој денес живее во мал апартман од другата страна на Њиндансеа плажата, сурферско место кое што станало познато по новелата на Tom Wolfe, "The Pump House Gang". Тој е човек кој што се интересира за многу работи во животот покрај молекуларната биологија и сурфањето, и токму поради тоа тој ја имаше одбиено работата во биотехнолошката индустрија, а и на академијата. Моментално тој постојано е прашуван за совети, а и предава околу светот за вселената, мистицизмот, математиката, вештачката интелигенција и за вирусологијата.

Mullis е член на Американското хемиско друштно.

 Нобеловци

Alan G. MacDiarmid (2000)
Ahmed Zewail (1999)
Jens Christian Skou (1997)
Michael Smith (1993)
Vladimir Prelog (1976)
Harold Clayton Urey (1934)
Irving Langmuir (1932)
Johann Friedrich Wilhelm Adolf von Baeyer (1905)

 Link.Hemija.net

најпосетувани линкови
Kiwi Web`s Chemistry & New Zealand (5732 посети)
ChemExper (5732 посети)
ChemCalc (5726 посети)
Chime (5725 посети)
Universitе des Sciences et de la Technologie HOUARI BOUMEDIENE (5724 посети)
Hemija.net (5723 посети)

 Статии

најнови
PepsiCo ги повлекува бромираните растителни масла од Gatorade
Нов начин на претворба на сулфурниот диоксид во сулфурна киселина
Стабилноста на арсенатната ДНК
Невидливо мастило за 21 век
Црниот TiO2 апсорбира светлина во целиот спектар
Тродимензионални графени

[Главна стана] [Стари статии] [Периоден систем] [Линкови]
[Нобеловци] [Форум] [Хумор] [E-mail]

© Hemija.net, Скопје, Македонија. Контакт: kontakt@hemija.net