Farmahem - od 2001 sponzor na Hemija.net

Главна страница Линкови Периоден систем Книги и списанија Експерименти Нобеловци Форум Хумор Email
  Статии публикувани во 2008
  Статии публикувани во 2007
  Статии публикувани во 2006
  Статии публикувани во 2005
  Статии публикувани во 2004
  Статии публикувани во 2003
  Статии публикувани во 2002
  Статии публикувани во 2001
  Статии публикувани во 2000
  Врвни десет
  Внесете промена
  Cool страници
  Врвни десет
  Додадете нова страница
  Периодични списанија
  Книги од странски издавачи
  Книги од домашни издавачи

Irving Langmuir

Роден е во Brooklyn, New York на 31 јануари 1881 год. (починал на 16 август 1957). Своето образование го има започнато во јавните училишта на New York и Paris. Дипломирал на Columbia University School of Mines, а со звањето доктор по хемиски науки се здобива на Универзитетот во Gottingen, Германија во 1906 година каде работел под менторство на нобеловецот Walther Nernst.

Од 1906-1909 работи како инструктор по хемија на Stevens Institute во Hoboken, New Jersey. Во тоа време го привлекува хемијата и математичката физика. Потоа работи во истражувачката лабораторија на General Electric во Schenectady, New York. Оваа работа требало да биде сезонска, само во летниот период, но сепак на ова работно место останува да работи целиот свој живот. Примарното истражување на Irving во General Electrics опфаќало одвивање на хемиски реакции под низок притисок и како и емисијата на електрони од вжарени тенки влакна од различни материјали во вакуум.

За целиот свој работен век во General Electric, патентира 63 пронајдоци. Нобелова награда за хемија во ја добива во 1932 година за откритијата и истражувањата во областа на површинските појави.

Придонесот на Langmuir е голем и во многу други истражувања кои имаат голем удел во развитокот на комерцијалните електрични производи, во воената индустрија и во развојот на науката воопшто. Неговиот придонес во атомската теорија и неговото разбирање на атомската структура овозможило за се разјасни значењето на изотопите. Исто така експериментите кои тој ги правел со филмови од масла на површина од вода имаат голем удел во развитокот на површниската хемија. Денес едно од водечките списание во кое се публикуваат податоци од областа на изучувањето на површините го носи неговото презиме.

За време на втората светска војна Langmuir бил еден од најважните советници за национална одбрана и еден од главните во воените истражувања за време на војната, што придонело за развивањето на радарот кој го користеле британските и американските воени сили.

Langmuir бил член на Американската национална академија на науките, на Американското хемиско друштво, на Американската асоцијација за развој на науката, како и на Кралското хемиско друштво од Лондон.

 Нобеловци

Alan G. MacDiarmid (2000)
Ahmed Zewail (1999)
Jens Christian Skou (1997)
Kary B. Mullis (1993)
Michael Smith (1993)
Vladimir Prelog (1976)
Harold Clayton Urey (1934)
Johann Friedrich Wilhelm Adolf von Baeyer (1905)

 Статии

најчитани
Историјата на хемијата на поштенски марки (5138 посети)
Минерали од Македонија на компакт диск (5084 посети)
Прочистување на дизел моторите со уреа (5070 посети)
Приказна за сапунот (5002 посети)
Љубов или хемија? (4981 посети)
Историјата на хемијата на поштенски марки (4968 посети)

 Хумор

најчитан
Смртта на биретата (4911 посети)
Карикатури (4870 посети)
Електрофилна адиција - молекулска драма (4845 посети)
Словенската и хемиската писменост (4844 посети)
Станувајќи алкохол (4841 посети)
Бисери на мудроста (4820 посети)

[Главна стана] [Стари статии] [Периоден систем] [Линкови]
[Нобеловци] [Форум] [Хумор] [E-mail]

© Hemija.net, Скопје, Македонија. Контакт: kontakt@hemija.net