Farmahem - od 2001 sponzor na Hemija.net

Главна страница Линкови Периоден систем Книги и списанија Експерименти Нобеловци Форум Хумор Email
  Статии публикувани во 2008
  Статии публикувани во 2007
  Статии публикувани во 2006
  Статии публикувани во 2005
  Статии публикувани во 2004
  Статии публикувани во 2003
  Статии публикувани во 2002
  Статии публикувани во 2001
  Статии публикувани во 2000
  Врвни десет
  Внесете промена
  Cool страници
  Врвни десет
  Додадете нова страница
  Периодични списанија
  Книги од странски издавачи
  Книги од домашни издавачи

Jacobus Henricus Vant Hoff

Jacobus Henricus Van't Hoff бил роден во Ротердам, Холандија на 30 август 1852 година. Бил трето дете од седум во фамилијата на Jacobus Henricus Van't Hoff (физичар по професија) и Alida Jacoba Kolff.

Во 1869 година се запишува на Политехничката школа во Delft која ја завршува во 1871 година. Одлуката за да се посвети на научна кариера, дошла по неговата работа во фабрика за шеќер каде сфатил дека како технолог не би можел да го искаже сето свое знаење. Откако поминал една година во Лејденскиот универзитет, есента 1872 година заминува во Бон за да работи со A. F. Кекулe до пролетта 1873. Потоа заминува во Париз каде работи со A. Wurtz. Се враќа во Холандија во 1874 година и се стекнува со титулата доктор на науки истата година под менторство на E. Mulder во Утрехт.

Во 1876 година станал доцент на Кралскиот ветеринарен институт во Утрехт, но го напушта поради слична позиција на Универзитетот во Амстердам следната година. Во 1878 година назначен е за професор по хемија, минералогија и геологија на истиот Универзитет. После 18 години минати во Амстердам, ја прифаќа поканата да работи во Берлин како хонорарен професор. Причина за ваквата одлука бил фактот што од предавањето на елементарните лекции за студенти како и од нивното испрашување му останувало многу малку време за истражувачката работа.

Van't Хофф ја стекнува слават со издавањето на своите публикации. Неговата докторска теза го има насловот "Contribution to the knowledge of cyanoacetic acids and malonic acid". Од претходните негови публикации вредна за спомен е "Proposal for the development of 3-dimensional chemical structural formula". Оваа мала публикација составена од 12 страници текст и една страница дијаграми има дадено голем придонес за развитокот на стереохемијата. Концептот на асиметричен јаглероден атом за кој се зборува во неа дава објаснувања за големиот број на изомери познати уште во тоа време. Во оваа публикација Van't Хофф ја посочува и врската помеѓу оптичката активност и присуството на асиметричниот јаглероден атом.

Неговите револуционерни идеи биле прифатени од научната јавност дури после објавувањето на публикацијата "Chimie dans l'Espace" во 1875 година. Во неговата "Ten years in the history of a theory" тој обрнува внимание на оптичката изомерија, факти до кои и J. A. Le Bel дошол работејќи независно.

Во 1884 година во неговата книга "Studies in dynamic chemistry" ја објавува првата општа класификација на хемиските реакции и ги формулира основните закони на хемиската динамика.

Следната година 1885 следува "Chemical equilibrium in gaseous systems or strongly diluted solutions" која е во врска со теоријата за разредени раствори. Тука тој покажува дека осмотскиот притисок во растворите кои се разредени е пропорционален со концентрацијата, со апсолутната температура така што овој притисок може да биде претставен со равенката за состојба на идеален гас. Овие истражувања ја потврдуваат валидноста на теоријата на електролитната дисоцијација на Arrhenius, со кого инаку, извесно време работи во Амстердам.

Од 1896 година е професор по експериментална физика на Берлинскиот универзитет, каде се занимава со изучување на хетерогените рамнотежи кај солите, формирањето на солите и двојните соли.

Van't Hoff бил член на Кралската холандска академија на науки, Пруската академија на науките, Британското кралско хемиско друштво, на Американската национална академија на науките, Американското хемиско друштво и на Француската академија на науките.

Умира во Берлин на 1-ви март 1911 година од туберкулоза.

 Нобеловци

Alan G. MacDiarmid (2000)
Ahmed Zewail (1999)
Jens Christian Skou (1997)
Kary B. Mullis (1993)
Michael Smith (1993)
Vladimir Prelog (1976)
Harold Clayton Urey (1934)
Irving Langmuir (1932)

 Статии

најчитани
Историјата на хемијата на поштенски марки (4765 посети)
Минерали од Македонија на компакт диск (4682 посети)
Историјата на хемијата на поштенски марки (4680 посети)
Љубов или хемија? (4677 посети)
Приказна за сапунот (4670 посети)
Прочистување на дизел моторите со уреа (4663 посети)

 Хумор

најчитан
Смртта на биретата (4641 посети)
Карикатури (4623 посети)
Електрофилна адиција - молекулска драма (4612 посети)
Станувајќи алкохол (4612 посети)
Словенската и хемиската писменост (4611 посети)
Бисери на мудроста (4600 посети)

[Главна стана] [Стари статии] [Периоден систем] [Линкови]
[Нобеловци] [Форум] [Хумор] [E-mail]

© Hemija.net, Скопје, Македонија. Контакт: kontakt@hemija.net