Farmahem - sponzor na Hemija.net

Главна страница Линкови Периоден систем Книги и списанија Експерименти Нобеловци Форум Хумор Email
  Статии публикувани во 2007
  Статии публикувани во 2006
  Статии публикувани во 2005
  Статии публикувани во 2004
  Статии публикувани во 2003
  Статии публикувани во 2002
  Статии публикувани во 2001
  Статии публикувани во 2000
  Врвни десет
  Додадете нова страница
  Внесете промена
  Cool страници
  Врвни десет
  Периодични списанија
  Книги од странски издавачи
  Книги од домашни издавачи

За да ја додадете Hemija.net во вашата Favorites - збирка

 Корисник
 
 Лозинка  
 

Бесплатна email адреса vase_ime@hemija.net

Вклучете се и вие во светската потрага по вонземски цивилизации

  Link.Hemija.net

Stockholm Convention on Persistent Organic Pollutants - Стокхолмска конвенција за отпорни органски полутанти (ООП). Информации за активностите и средбите организирани во рамките на Конвенвенцијата, официјални документи и др. ООП супстанците предизвикуваат извесни форми на рак, дефекти кај новороденчињата, дисфункционален имунолошки и репродуктивен систем, поголема подложност на болести и намалена интелигенција.  (Гласајте)

ScienceDirect TOP25 Hottest Articles - Врвни 25 статии публикувани во списанијата на Elsevier. Овој бесплатен сервис е конструиран за да им помогне на научниците полесно да ги пратат новите трендови и достигнувања во науката. Сервисот нуди можност за прикажување на најпопуларните 25 статии според области, според списанијата, како и тоа во која годината кои статии биле најпопуларни.  (Гласајте)

OPEN J-Gate - World's biggest Open Access English Language Journals Portal - Оваа страница претставува електронски прозорец кон светот на научните списанија кои на јавноста и се бесплатно достапни. Open J-Gate започна да функционира во 2006 г. и претставува обид на Informatics (India) Ltd. да ја помогне Open Access Initiative (ОAI). Со Open J-Gate добивате интегриран пристап до над 4375 списанија и до неколку милиони статии со научни резултати.  (Гласајте)

Organic Chemistry Demonstration Experiments on Video - Демонстрациони експерименти по органска хемија на видео. Експериментите на оваа страница илустрираат цажни аспекти на хемијата (типови на реакции, бои, зинтези, хемија во секојдневниот живот и др.). Експериментите се едноставни за изведување, а достапни се во видео формат зашто студентите не секогаш се во состојба сами да ги изведуваат.  (Гласајте)

Molecular Descriptors - Молекулски дескриптори. Интернет страница на која може да најдете информации за новостите и настаните од областа на развој и користење на молекулските дескриптори. Страницата поседува форум, поголем број на туториали, податоци кои може да се користат за споредба на нови методи со постојните, софтвер достапен за оваа намена, како и надворешни линкови до страници со слична содржина.  (Гласајте)

Apollo 16 Orbital Experiments - Покрај испитувањата на површината на месечината, екипажот на Apollo 16 изврши интензивни испитувања на месечината од лунарната орбита. Со користење на флуоресцентен спектрометар со рентгенски зраци беше анализирана површината на месечината, додека пак, со користење на масен спектрометар бил определуван составот на атмосферата на месечината.  (Гласајте)

AUGIE Chem: Raman Spectroscopy - Детален опис на експеримент за студенти на додипломски студии - Мерење и симулација на рамански спектри. приредено од Department of Chemistry. Augustana College, Sioux Falls, Јужна Дакота, САД.  (Гласајте)

International Uniform ChemicaL Information Database - IUCLID - IUCLID претставува софтверска апликација создадена за складирање, размена на информации за хемикалии кои се штетни по здравјето. Ова претставува референтна апликација која на хемиската индустрија во Европа треба да и помогне за да ја имплементира новата законска регулатива која стапи на сила од 01.06.2007 г.  (Гласајте)

EniG. Periodic Table of the Elements | Periodni sustav elemenata - Многу интересен и брз периоден систем на елементите. Достапен е на шест јазика (хрватски, англиски, германски, италијански, француски и шпански) и на дванаесен температури. Во потполност е дизајниран во CSS (cascade style sheets) од страна на Ени Генералиќ.  (Гласајте)

The OpenScience Project - Овој проект претставува обид за развој и публикување на слободен софтвер. Инициран е од група научници, математичари и инженери кои се обидуваат да развијат работна средина во која науката би можела да биде практикувана од секого. На страницата се наоѓа голема и добро организирана колекција од линкови до страници на кои може да најдете софтвер за различни области од науката.  (Гласајте)

 Карикатура

Биотехнологија

Пребарај:

Во соработка со Amazon.com

  Новости

Брзата храна и нејзините пченкарни корени - Едно неодамна направено испитување покажува дека поголемиот дел од брзата храна која се приготвува во САД е добиена од добиток кој е хранет претежно со пченка, но и при самото приготвување на храната многу често се користи пченкарно масло.
Со анализа на односот на некои изотопи во брзата храна во рестораните на погоемите производители, овие научници успеале да утврдат не само дека говедата и живината во голема мерка се хранат со пченка, туку и дека при производството на пченката во голема мерка се користени вештачки ѓубрива.

Минијатурни ранци за клетките - Научниците Michael F. Rubner, Darrell J. Irvine и Robert E. Cohen од Massachusetts Institute of Technology успеале на да прикачат на клетка од имунолошкиот систем терет кој не го нарушува нејзиното правилно функционирање. Овие научници сметаа дека вакви системи во иднина би можело да се користат за доставување на лекови до целните органи.

Рекордно високи перформанси на соларните ќелии - Истражувачите од Кина и Швајцарија успеале да конструираат нов тип на соларни ќелии за кој тие сметаат дека ќе може да го направи сонцето главен извор на енергија во иднина. Новите фотоволтаични ќелии кои се нарекуваат Gr?tzel ќелии во голема мерка ќе ја зголемат употребата на соларните ќелии во домовите, како и за други практични примени велат нивните творци.

Магнетно решение за лепливиот проблем - Белгиските научници успеале да откријат нова метода со која може да ги оневозможат наночестичките да формираат поголеми агрегати од честички.
Johan Martens од Catholic University во Leuven вели дека решението за спречување на агрегацијата на наночестичките лежи во примената на магнетно поле.

Биодизел од печурки - Научниците предводени Gary Strobel од Montana State University откриле дека еден вид печурки може да ја претвораат целулозата директно во биогориво. Ова откритие би можело да претставува нов начин за добивање на биогорива.
Освен ова, ова откритие би можело да ги разниша теориите за настанокот на нафтата.

Топли раце - топло срце - Држењето на топла шолја со кафе или чај во текот на поладните денови ќе ви ги загрее рацете, но исто така и вашето срце.
Два експерименти изведени од научници од University of Toronto од Канада и пред извесно време пренесени во списанието Science укажуваат на тоа дека чувството на физичка топлина им помага на луѓето полесно да ги прифаќаат другите и да се однесуваат повеликодушно. (За пристап пoтребно е да се регистрирате)

Зошто жените имаат порасипливи заби? - Старото мислење дека со секое донесено дете на овој свет жената губи по еден заб сега би можело да се каже дека е и научно докажано.
Новите испитувања покажуваат дека откако луѓето го напуштиле номадскиот начин на живот, пред околу 10.000 години, со оглед на тоа што занимавањето со земјоделие овозможило поголема плодност на жените. Во истиот период се забележува и поголема разлика во здравоста на забите кај мажите и жените. Ова е предизвикано од промената во хормоните и плунката кои предизвикуваат полесно расипување на забите. (За пристап пoтребно е да се регистрирате)

Забрана за употреба на бифенол-А - Бифенолот-А се користи во голема мерка при производството на пластика базирана на епоксиди. Овој тип на пластика служи за пакување на прехранбени производи. Бифенолот-А може да го имитира дејството на женскиот хормон естроген, па затоа може да предизвика оштетување на репродуктивните органи.
Со оглед на ова неодамна две владини агенции од Канада започнаа акција за забрана на оваа супстанца. Забраната за користење на оваа сустанца ќе стапи во сила во текот на 2009 година.

Контрола на активноста на протеин со користење на светлина - Група на истражувачи од Penn State и од University of Texas успеале да ја контролираат каталитичката активност на протеини кои се одговорни за одредени биохемиски процеси. Истражувачите сметаат дека важноста на ова откритие е во тоа што еден ден на сличен начин би можело да се влијае на активноста на протеини кои се одговорни за предизвикување на некои болести.

Пестициди во мајчиното млеко - Дванаестте отпорни органски полутанти (ООП) дефинирани според Стокхолмската конвенција претставуваат хлорирани супстанци кои во животната средина може да опстанат многу долго откако нивното производство ќе престане.
Една студија неодамна направена во Кина покажува дека кај една третина испитаните жени кои биле на породилно отсуство во колострумот најдени се хлорирани ООП. Овие супстанците предизвикуваат извесни форми на рак, дефекти кај новороденчињата, дисфункционален имунолошки и репродуктивен систем, поголема подложност на болести и намалена интелигенција. (За пристап пoтребно е да се регистрирате)

Хемијата во борба за поздрави пици! - Хемичарите покажале дека со мали измени во рецептот пицата може да стане многу поздрава за консумирање! Измените кои се предлагаат се состојат од користење на интегрално брашно. Научниците велат дека доколку пицата се пече на повисока температура количеството на антиоксиданси се зголемува за 82%. Од друга страна, пак, концентрацијата на овие соединенија се зголемува за 60% доколку печењето трае двапати подолго. Исто така, количеството на антиоксиданси во пицата може да се зголеми за два пати доколку тестото се остави да кисне еден ден.

Лек за супербактериите - Супстанци кои се најдени во канабисот би можеле да се користат во борба против потенцијално смртоносни бактерии, како што се на пример бактериите кои се отпорни на антибиотици, велат истражувачите од Италија и Велика Британија. Екстрактите добиени од Cannabis sativa (L. Cannabinaceae) може да се користат и како замена за ситетичките антибактериски супстанци кои се користат во средствата за лична хигиена и во козметичките производи. (За пристап пoтребно е да се регистрирате)

Квантен скок за хемиските сензори - Со прикачување на едноставни органски рецептори на површината на квантни точки - кои исто така се познати и како полупроводнички наночестички - John Callan и соработниците од Robert Gordon University, Aberdeen, Велика Британија, успеале да развијат сензор кој истовремено може да детектира бакар и железо во вода.
Интересен аспект од оваа работа е што самиот рецептор не покажува никаква селективност во однос на овие два метални јони, но поврзан на квантна точка покажува двојна селективност во однос на овие метали, велат истражувачите.

Нобеловата на града за хемија за 2008 г. за откритието на зелениот флуоресцентен протеин - Овогодинешната Нобелова награда за хемија ја добија Osamu Shimomura, Martin Chalfie, and Roger Y. Tsien за откритието и развојот на зелениот флуоресцентен протеин (ЗФП). Овој протеин и неговите мутирани верзии претставуваат моќна алатка обележување и следење на однесувањето на други протеини во клетките. ЗФП е исто толку значаен како и откривањето на микроскопот, вели Marc Zimmer, професор по хемија на Connecticut College кој има напишано книга за ЗФП со него може да видиме работи кои порано беа невидливи за нас.

Доделени се Ig® нобеловите награди за 2008 година - На 2 октомври на Харвард Универзитетот во Масачусец, САД беа доделени Ig® нобеловите награди. Овие награди се доделуваат како пародија на нобеловите награди. На церемонијата на осумнаесеттото доделување наградите им беа доделени на лауреатите од вистински добитници на нобелови награди.
Наградите се доделуваат во повеќе категории: исхрана, мир, археологија, биологија, медицина, когнитивни науки, хемија, физика и литература.
Посетителите на Hemija.net се најверојатно заинтересирани кои се добитниците на наградата за хемија. Станува збор за Sharee A. Umpierre (University of Puerto Rico), Joseph A. Hill (The Fertility Centers, Канада) и Deborah J. Anderson (Harvard Medical School) за откритието дека Coca-Cola-та претставува спермицид, како и Chuang-Ye Hong, C.C. Shieh, P. Wu, и B.N. Chiang (сите од Тајван), за откритието дека овој пијалок не е спермицид!

 Прочитаjте

Лепливи како нозете на гико - Трката за добивање на матери- јали кои посед- уваат лепливост како нозете на гико наскоро може да биде завршена, со оглед на тоа што неодамна во Science група од научници од САД публикуваа резултати за материјал кој има задоволително добри својства.

Што е подобро: кафе или инстант кафе? - Кафето e еден од најпопуларните пијалаци во светот. Тоа претставува омилена течност за консумација на многумина, најмногу поради енегизирачкиот кофеин, но и поради убавиот вкус, и прекрасен мирис. Кај нас најчесто се приготвува кафе од сомелени зрна. Оние кои немаат доволно време на располагање, а последниве дваесетина години време во голема мерка ни недостига на сите, се решаваат за инстант кафе. Но кое кафе е подобро?

Силициумовo изненадување - Две групи од американски научници успеале да добијат тер- моелектричен материјал кој се базира на силициум и кој може успешно да ја претвори топлината која се ослободува во електричните уреди во електрична енергија. Оваа идеја има голем потенцијал. Нејзиното реализирање значи зголемување на ефикасноста на сите уреди кои работат на електрична енергија!

Хемискиот компас ја објаснува мистеријата на миграцијата на животните - Како дел од напорите да се идентификува мистериозниот компас кој многу видови животни го поседуваат за навигација на Земјата, хемичарите од University of Oxford од Велика Британија, за прв пат, успеале да покажат дека магнетното поле на Земјата може да влијае на одвивањето на некоја хемиска реакција.

Разложување на водата со сонце - Tим од италијански научници успеал да создаде ќелија која со помош на е спосбна да ја разложува водатра на составните елементи. Овој пронајдок претставува еколошки прифатлив начин за добивање водород - за кого се очекува во иднина да ги замени фосилните горива.

Храна за канабиноидните рецептори - Пред извесно време Cochrane Systematic Review дојде до сознанија дека мали количества од римонабант (околу 20 милиграми) може селективно да ги блокира СВ1 рецепторите во мозокот на пушачите и со тоа го оневозможува чувството на задоволство кое на пушачите им го дава запалената цигара.

Анонимни чокохоличари - Нема да претставува изненадување ако ви кажеме дека истражувачите кои работат за светскиот гигант за производство на чоколада Nestle пронашле хемиската врска која некој луѓе ги прави љубители на чоколадата, а други пак, ги прави индиферентни во однос на овој производ.

Интелигентни мастила - Мастило кое може да ја менува бојата при изложување на кислород би можело во иднина да им помогне купувачите да одлучат кои производи се свежи и добро спакувани, а кои не.

 Стари статии

Компјутерско предвидување на токсичноста на потенцијалнo естрогено активни супстанци

Антропоцен - планетета Земјата под доминантно човеково влијание

Микрохемиски фабрики

Кој е кој на Институтот за хемија при ПМФ

[Главна стана] [Стари статии] [Периоден систем] [Линкови] [Книги и списанија]
[Нобеловци] [Форум] [Хумор] [E-mail]

© Hemija.net, Скопје, Македонија. Контакт: kontakt@hemija.net