Wikipedia

Главна страница Линкови Периоден систем Книги и списанија Експерименти Нобеловци Форум Хумор Email
  Статии публикувани во 2008
  Статии публикувани во 2007
  Статии публикувани во 2006
  Статии публикувани во 2005
  Статии публикувани во 2004
  Статии публикувани во 2003
  Статии публикувани во 2002
  Статии публикувани во 2001
  Статии публикувани во 2000
  Врвни десет
  Внесете промена
  Cool страници
  Врвни десет
  Додадете нова страница
  Периодични списанија
  Книги од странски издавачи
  Книги од домашни издавачи

Електрофилна адиција - молекулска драма

Улогите ги толкуваат: Секундарен јаглерод (Сек) кој ги дели четири електрони со примарен јаглерод (Прим) и формира молекула пропен. Учествуваат и електрофилно гладниот Водород (Вод) кој е врзан за со електрони надуен Хлор (Хлор).

Вод: Ооо... погледни ги електроните на оној пропен!
Хлор: Што ти е на тебе?! Зарем не ти се добри моиве електрони?
Вод: (навредено) Твоите електрони! Во тоа е проблемот со тебе! Тоа се наши електрони свињо една!
Прим: Здраво, Водород! Хмм... убаво јадро!
Хлор: Чувај си ги подалеку од моето водородно јадро твоите електрони!
Вод: (му се обраќа на Пропен) Дали би сакале да ги поделите вашите електрони со мене ваков гол?
Прим и Сек: ДА!
Вод: (подавајќи му го електронскиот пар на Хлор) Еве ти... на! Задржи си ги своите скапоцени електрони за себе! Јас ќе си влезам во врска со некој што ме цени.
(Водородот зграпчува еден од електронските парови кои Прим и Сек ги делат и после кусо натегање Сек попушта и дозволува Вод за се сврзе со Прим)
Сек: Помош! Јас станав карбокатјон! Нека ми даде некој електрони брзо! (погледнува кон Хлор). Еј! Ти имаш електрони за делење. Подели ги со мене.
Хлор: Ти изгледаш многу привлечно, но моите родители секогаш ми велеле да се чувам од органски молекули... (Хлор изгледа загрижено, но не се обидува да избега).
Сек: Немој те молам, ајде да ги поделиме електроните. Заедно ќе мирисаме убаво. (Сек го грабнува парот електрони од Хлор и прават врска). Зошто јас мора секогаш да бидам карбокатјон. Што е проблемот со тебе? Зошто ти не бидеш некогаш карбокатјон? Прим: (одважно) Тоа е против Правилото, како што и самиот убаво знаеш.
Вод: Какво правило?
Прим: Марковниковото правило. Сек ја има поддршката на цела фамилија. Тоа сме јас и Прим, оној од другата страна му позајмуваме на Сек полнеж колку што можеме обајцата во ситуација кога тој ќе стане карбокатјон, но ако јас станам карбокатјон само еден од нив може да ми помогне, а тоа и... не е баш некоја помош.
Вод: Јас ќе ти помогнам, не се грижи!
Прим: Тоа е убаво од тебе, Вод, ама да бидеме искрени. Ти едвај имаш доволно електрони да го покриеш твоето сопствено јадро.

 Хумор

најчитан
Смртта на биретата (4677 посети)
Карикатури (4649 посети)
Електрофилна адиција - молекулска драма (4638 посети)
Словенската и хемиската писменост (4638 посети)
Станувајќи алкохол (4635 посети)
Бисери на мудроста (4629 посети)

 Link.Hemija.net

најпосетувани линкови
Збирка материјали за наставата во 21-от век (5830 посети)
OPEN J-Gate - World's biggest Open Access English Language Journals Portal (5827 посети)
Academic Earth (5827 посети)
ScienceDirect TOP25 Hottest Articles (5825 посети)
Beer's Law (5825 посети)
British Antarctic Survey (5824 посети)

 Нобеловци

Harold Clayton Urey (1934)
Jens Christian Skou (1997)
Johann Friedrich Wilhelm Adolf von Baeyer (1905)
Alan G. MacDiarmid (2000)
Ahmed Zewail (1999)
Michael Smith (1993)
Kary B. Mullis (1993)
Vladimir Prelog (1976)

[Главна стана] [Стари статии] [Периоден систем] [Линкови]
[Нобеловци] [Форум] [Хумор] [E-mail]

© Hemija.net, Скопје, Македонија. Контакт: kontakt@hemija.net