350.org

Главна страница Линкови Периоден систем Книги и списанија Експерименти Нобеловци Форум Хумор Email
  Статии публикувани во 2008
  Статии публикувани во 2007
  Статии публикувани во 2006
  Статии публикувани во 2005
  Статии публикувани во 2004
  Статии публикувани во 2003
  Статии публикувани во 2002
  Статии публикувани во 2001
  Статии публикувани во 2000
  Врвни десет
  Внесете промена
  Cool страници
  Врвни десет
  Додадете нова страница
  Периодични списанија
  Книги од странски издавачи
  Книги од домашни издавачи

Дали е пеколот егзотермен или ендотермен?

    На испит по термодинамика професорот на студентите им го поставил следното прашање:
    Дали е пеколот егзотермен или ендотермент? Одговорот поткрепете го со докази!
    Повеќето од студентите кои се осудиле да одговорат на ова прашање своите одговори ги поткрепувале со Boyle-овиот закон, но еден студент бил сепка пооригинален, a неговиот одговор гласел:
    Прво мора да претпоставиме дека постојат душите и дека имаат определена маса. Според ова маса ќе поседува и еден мол души. Треба да го дознаеме и тоа со колкава брзина душите влегуваат во пеколот и со колкава брзина го напуштаат? Мислам дека со сигурност може да заклучиме дека кога една душа ќе влезе во пеколот таа веќе нема да го напушти. Значи душите не го напуштаат пеколот.
    За да видиме како душите влегуваат во пеколот да разгледаме што велат денес постоечките религии. Некој од нив велат дека доколку не сте член на нивната религија вашата душа ќе оди во пеколот. Религии кој го тврдат ова има повеќе, а луѓето обично не припаѓаат на повеќе од една религија. Ова значи дека сите луѓе и нивните души одат во пеколот.
    Ако се има предвид сегашниот наталитет и морталитет во светот, може да очекуваме дека бројот на души кој пристигнуваат во пеколот експоненцијално се зголемува.
    Сега да видиме како се менува волуменот на пеколот. Boyle-овиот закон вели за да останат температурата и притисокот во пеколот константни, односот помеѓу масата на душите и волуменот мора да останат константни.
    Значи, ако пеколот се шири со помала брзина од брзината со која душите влегуваат во него температурата и притисокот во него постојано ќе се зголемуваат.
    Доколку, пак, пеколот се шири со поголема брзина од брзината со која нови души пристигнуваат, притисокот и температурата постојано ќе опаѓаат.

    Не е познато каква оценка добил студентот.

 Хумор

најнов
Смртта на биретата
Словенската и хемиската писменост
Станувајќи алкохол
Електрофилна адиција - молекулска драма
Истражувачки дефиниции
Дали е пеколот егзотермен или ендотермен?

 Нобеловци

Harold Clayton Urey (1934)
Jens Christian Skou (1997)
Johann Friedrich Wilhelm Adolf von Baeyer (1905)
Alan G. MacDiarmid (2000)
Ahmed Zewail (1999)
Michael Smith (1993)
Kary B. Mullis (1993)
Vladimir Prelog (1976)

 Link.Hemija.net

најпосетувани линкови
Mineralogy Software (6115 посети)
Polskie towarzystwo chemiczne (6114 посети)
Mathematical Crystallography (6114 посети)
Indian Institut of Technology, Department of Chemistry (6110 посети)
Air Quality Archive (6108 посети)
Experiments In Electrochemistry (6107 посети)

[Главна стана] [Стари статии] [Периоден систем] [Линкови]
[Нобеловци] [Форум] [Хумор] [E-mail]

© Hemija.net, Скопје, Македонија. Контакт: kontakt@hemija.net