|
|
Новости
|
Чекор поблизу до совршен вештачки нос - Хемиски сензори се мошне добри во откривање на само една супстанца или класа од хемиски слични супстанци, дури и кога нивните концентрации се многу ниски. Биолошките носеви, сепак, се многу попрактични, мултифункционални и способни за разликување на суптилни знаци со кои би се засрамиле нивните дизајнирани колеги. Сепак, дури и искусните носеви оставаат одредени нејасности во некои ситуации. Новиот ДНК-базиран хемиски сензор изграден од наноцефки за кои е прикачена ДНК се чини дека е исклучително чувствителен, што го прави важен чекор на патот кон целосно и успешно користење на вештачките носеви. Заслужни за овој напредок на полето на хемиските сензори кои може да се користат како вештачки носеви се научниците од University of Pennsylvania во САД. |
|
|
Физика на истуреното кафе - Научниците се соочуваат со многу пречки на патот кон поголемо знаење. Но, едно ново истражување сугерира како да се избегне една од почестите замки: истуреното кафе. „Не можам да кажам со сигурност, дека истуреното кафе е штетно за научните истражувања во значителна мерка“ вели авторот на студијата, Руслан Кречников, машински инженер од University of California, Santa Barbara. „Но, тоа секако може да го наруши интелектуалниот процес.“ Кречников и неговиот студент Hans Mayer биле мотивирани да ја испитаат флуидната динамика на истурањето на кафето од настаните една конференција која се одржала минатата година. За таа цел тие извршиле повеќе експерименти, а резултатите биле објавени во списанието Physical Review E. Резултатите од ова истражување имаат многу специфична примена – нив ќе може да ги користат претежно научниците. Другите, сепак, ќе треба следниот пат повеќе да внимаваат со шолјата кафе. (За пристап пoтребно е да се регистрирате) |
|
|
Едноставни тестови за определување на крвната група - Присуството или отсуството на одредени антигени на црвените крвни зрнца ја определува крвна група на лицето. Специфични антитела доколку реагираат со овие антигени ќе формираат талог од црвените крвни зрнца. Истражувачи, предводени од Wei Shen, od Australia Monash University резултатите од своето истражување ги публикувале во неодамна во списанието Angewandte Chemie. |
|
|
Бразил ја „сече“ заштитата на шумите - Звукот на моторните пили во амазонската прашума многу поретко се слуша во последните неколку години – уништувањето на шумите е забавено. Mинатата година намалувањето на површината на прашумата било сведено на помалку од една третина од долгогодишниот просек. Но, пред некое време, долниот дом на бразилскиот национален конгрес донел закон за кој набљудувачи велат драстично може да ја намали заштита на шумите. Екологистите се надеваат дека бразилската пртседателка Дилма Русеф ќе стави вето на донесениот закон. |
|
|
Шведска ја забрани употребата на бисфенолот А во амбалажата за храна деца - Како знак на претпазливост шведската влада вели дека ја забранува употреба на бисфенол А – БПА (кој претставува нарушувач на нормалното функционирање на ендокриниот систем) во заштитните превлеки во амбалажата за храна за деца на возраст од три години. Во пракса, забраната главно ќе влијае на капаците на шишињата за бебешка храна. Инаку, детската храна на пазарот во Шведска доаѓа во пакување без БПА веќе, но забраната со која ќе се осигури дека оваа доброволна фаза на некористење на БПА станува трајна. |
|
|
Регулирање на хидрауличното фракирање - За прв пат, загадувањето на воздухот од хидраулично разложување, или фракирање, ќе биде контролирано со уредба издадена од страна на американската Environmental Protection Agency (EPA). Започнувајќи од јануари 2015 година производителите ќе бидат обврзани да инсталираат опрема со која ќе се намали емисијата на испарливи органски соединенија одговорни за формирање на озон и други опасни загадувачи на воздухот. Споредна придобивка ќе бида фаќањето на моќниот стакленички гас метан, вели Gina McCarthy, асистент администратор во EPA. Фракирањето во САД до сега предизвикуваше многу проблеми со оглед на тоа што со закон донесен од Конгресот на САД оваа индустриска гранка била ослободена од обврските кои важат за другите индустрии во однос на заштитата на животната средина.
|
|
|
Розова слуз - Што се може да се случи за само неколку години. Фирмата Beef Products Inc. од Јужна Дакота во 2008 година, била пофалена од Вашингтон Пост за процесот на елиминирање на бактериите од говедското месо. За индустријата прогонувана од епидемии од страна широк спектар на бактерии од типот Escherichia coli во 1990-те, ова се чинеше како триумф на технологијата над природата. Денес, меѓутоа, истиот процес се оцрнува од страна на медиумите и јавноста, а најпознатиот производот на оваа компанијата, кој тие го нарекува посно говедско месо со ситна текстура (lean finely textured beef - LFTB), стана неславно популарен по непријатнот назив розови лиги или розова слуз. Една од причините за ова и фактот што при неговото производство се користи амонијак! |
|
|
Водата полесна од нафтата?! - Пред две години, експлозијата на нафтената платформа Deepwater Horizon покри стотици квадратни милји од Мексиканскиот залив со нафта. Нафта пливаше на површината поради помалата густина од водата. Но, сега научниците велат дека водата понекогаш може да плови на нафта (или масло). Нивните наоди, кои беа објавени минатиот месец во списанието Langmuir, може да помогнат да отстрани нафтена дамка како онаа која произлезе од катастрофата во 2010 година. Со користење на теориски модел и со пресметува силите кои дејствуваат на вода кога се става на површината на нафтата. Земајќи ги во предвид површинскиот напон тие покажале дека капките вода може да „висат“ од површината на нафтата. (За пристап пoтребно е да се регистрирате) |
|
|
Мастилото како компонента на соларните ќелии - До сега ниту еден материјал не ги задоволува условите да биде лесен, евтин и биодеградабилен за да може да се користи во производството на флексибилни соларни ќелии. Неодамна научниците од Универзитетот во пекинд успеале да синтетизираат материјал кои по сите свои карактеристики во голема мерка наликува на мастилата кои се користат во наливните пенкала. |
|
|
Како подобро да се претставите пред потенцијалните работодавачи - Креирање на резиме со кое ќе аплицирате за работа може да изгледа релативно едноставно, но може да бидете изненадени од страна на некои од работите кои работодавачите велат дека се непотребни при вашето првично претставување. Работодавачите велат дека овие грешки ги забележуваат постојано. Доколку го одберете горниот линк ќе може да најдете и совети од некои работодавачи за тоа како следниот пат кога ќе испрати куса биографија подобро да се претставите. |
|
|
Фармацевтски активни супстанци во пердувите на живината - Пилешките пердуви обработени на високи температури се користат како добиточна храна или како ѓубриво. Но, при обработката пердувите во себе ги задржуваат мноштвото на фармацевтски активни соединенија и тоа не само лековите, кои се користат за лекување на живината. Научниците откриле антибиотици, фунгициди, кофеин и други соединенија во на ваков начин приготвената добиточна храна, и тие укажуваат на тоа дека тие може да бидат еден вид канал за антимикробна отпорност. Научниците откриле дека лековите се влеваат во животната средина преку човечкиот и на животински отпад, вклучително и преку употребата на земјоделски биоциди. Присуството на овие соединенија предизвикува загриженост околу тоа дали лековите и нивните метаболити можат да влијаат на животните и растенијата или би можеле да ја поттикат отпорност на микробите на овие антибиотици. |
|
|
Априлски хемиски спектакл на Институтот за хемија - Институтот за хемија при ПМФ известува дека априлскиот хемиски спектакл (фосфор и други волшепства) во организација на Групата на среќни хемичари ќе се одржи на 5 април (четврток) во хемискиот амфитеатар, со почеток во 19:00 часот. Добредојдени се сите што сакаат да се разонодат „по хемиски“. Се очекува спектаклот да трае околу еден час. |
|
|
Микросоларни ќелии за поефикасна претводба на сончевата во електрична енергија - Новата иновативна компанија Semprius се надева дека ќе ги намали трошоците за производство на електрична енергија од сончева светлина со користење на микросоларни ќелии кои можат да користат двојно повеќе светлина во споредба со конвенционалните панели без употреба од скапа оптика или систем за ладење. Панелите направени од минијатурни ќелии, развиени со користење на нова микрипечатарска технологија, исто така, нудат значителни заштеди и во материјалите трошоци. На крајот од јануари, компанијата најави заедничкиот договор со германски Сименс за развој на системи базирани на оваа технологија. Semprius планира со масовно производството да започне во 2013 година. |
|
|
Човештвото ја одржува глобалната температура близу до рекордната и во 2011 година - Човечката активност ја одржува глобалната температура близу до рекордно високото ниво и во 2011 година и покрај ефектот на ладење на атмосферата предизвикано од Ла Ниња атмосферските колебања, беше соопштено во петокот од Светската метеоролошка организација. Во просек, глобалните температури во 2011 година се пониски од рекордното ниво од претходната година, но сè уште се за 0,40 целзиусови степени над просекот за периодот 1961–1990 и на 11-то највисоко ниво на сите времиња се вели во извештајот. |
|
|
Со здружени сили до поздрава храна - Компанијата за производство на инструменти Agilent Technologies во партнерство со Администрација за храна и лекови на САД се обврзаа да развијат метода базирана на масена спектрометрија која ќе послужи за идентификување на подвидови на салмонела бактериите во морската храна. Заеднички напор, најавен на 19 март, исто така, има за цел да го подобри ДНК-базираниот лабораторија-на-чип анализатор на Agilent за проверка дали морска храна е соодветно означена. |
|
|
Прочитаjте
|
|
Стабилноста на арсенатната ДНК - Во 2011 година, во еден научен труд објавен во списанието Science се тврдеше дека бактериите од езеро Моно во Калифорнија, САД, не само што еволуирале за да го толерираат арсенот, туку и го инкорпорирале во сопствената ДНК. Статијата доведе до многу критики во научниот свет, но можеби авторите сепак биле во право. |
|
Невидливо мастило за 21 век - Научниците од Кина развиле нова техника за литографско печатење на карактери и знаци врз фотонска хартија. Оваа метода е од значење при развојот на нови постапки за заштита од фалсификување. |
|
Црниот TiO2 апсорбира светлина во целиот спектар - Истражувачите во САД со хидрогенирање успеале да предизвикаат дефекти во структурата на титани диоксидните нанокристали и со тоа успеале да го зголемат количеството на сончева светлина кои го тие апсорбираат. Тие се надевале дека произведениот црн TiO2 ќе може да се користи за производство на евтин водород кои ќе се користи како гориво. |
|
Тродимензионални графени - Научниците од Кина успеале да развијат брза и лесна процедура за добивање на 3D графен во вода, проширувајќи ги при тоа сознанијата графените со што нивната иднина како суперкондензатори, материјали за складирање на водород и како катализатори станува поизвесна. |
|
Како антидепресивите го помагаат развојот на мозокот - Научници од Велика Британија го откриле механизмот со кој некои антидепресиви го стимулираат формирањето на нови мозочни клетки – наод кој би можел да доведе добивање на нови поефикасни лекови за оваа намена. |
|
Зошто некои луѓе се алергични на вино? - Многу луѓе сакаат чаша добра вино на крајот на денот, но за околу 500 милиони луѓе во светот, ова и не е толку многу забавно искуство со оглед на тоа што тие се алергични на виното. Една група научници од Данска смета дека е чекор побиску до разоткривањето на мистеријата на алергиските реакции кои виното ги предизвикува кај овие луѓе. |
|
Рециклирање на јаглеродниот диоксид - Американската компанија Novomer развила нов начин за претворба на јаглеродниот диоксид во пластика. Novomer е една од шесте фирми кои добиваат вкупно 106 милиони долари од владата на САД која финансира истражувања за зафаќање и претворба на јаглерод диоксидот од атмосферата во корисни производи. |
| | Супер бодликави соларни ќелии
Хирално раздвојување на овошни флавоноиди
Неколку секојдневни еколошки гревови
Хемиска анализа на ренесансни уметнички дела |
|